Раул: Очекувам добар пречек во Скопје, навивачите се едни од најдобрите во свет!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Вардар завчера ги доби противниците за следната сезона во Лигата на шампиони, а еден од нив ќе биде ПСЖ, на чие кормило е поранешниот тренер на „црвено-црните“, Раул Гонзалес.

Раул кој го однесе Вардар до трофејот во елитното натпреварување во 2017 година се враќа во Скопје, но како тренер на друг тим.

„Во Македонија не сум бил долго време. Тоа ќе биде шанса да се видам со старите пријатели. Сигурно ќе биде специјален момент за мене. Очекувам добар прием од навивачите, тие се најдобри во светот“, кажа Раул.

Шпанецот во минатото беше селектор и на репрезентацијата на Македонија.