Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси по седми пат во својата кариера беше избран за најдобар фудбалер в светот и така стана рекордер, иако годинава имаше голема конкуренција од Роберт Левандовски.
На церемонијата во Париз беше интересно, а многу фудбалски ѕвезди беа присутни на доделувањето на „Златната топка“.
Тука беше и Килијан Мбапе, кој седеше покрај Меси, но се најде во центар на внимание поради реакцијата која ја имаше откако беше соопштено дека завршил на деветтото место.
Мбапе неколку сезони по ред игра на врвно ниво за клубот и репрезентацијата, па очекуваше подобар пласман, но тоа не се случи.
Многумина сметаат дека тоа е доказ поради што Мбапе сака да замине од ШСЖ и сака да излезе од сенката на Меси и Нејмар.
[#BallonDor] La réaction de Kylian Mbappe sur sa 9️⃣e place 😕 pic.twitter.com/4akLBcpuQ8
— Footballogue⭐️⭐️ (@Footballogue) November 29, 2021