Реакцијата на Вестбрук кога си ја скрши раката (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Расел Весбтурк се здоби со тешка повреда на мечот против Вашингтон визардс.

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс мораше да го напушти теренот на почетокот на втората четвртина, откако во обид да му ја одземе топката на Џордан Пул си ја скрши раката.

По направените медицински прегледи било констатирано дека има скршеница на зглобот на раката поради што го чека пауза од неколку недели.

Вестбрук оваа сезона во просек играше по 23 минути за Клиперс и постигнуваше по 11,1 поен, 5,2 скокови и 4,5 асистенции по натпревар.