Реал Мадрид доби голема уцена од Монако


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид ја обезбеди шампионската титула во шпанската Ла Лига, па сега им следи борбата за трофејот во Лигата на шампиони, додека раководството на тимот веќе почна да размислува за засилувања.

Едно од нив треба да биде Орелиен Чуамени од Монако, а пред неколку дена беше објавено дека е постигнат договор, меѓутоа проблем се појави откако „кнезовите“ побараа повеќе пари.

„Кралскиот клуб“ прво се согласи на понуда од 80 милиони евра, но управата на Монако се премисли, па сега бара 100 милиони евра за Чуамени.

Причина за тоа да извлечат некој милион повеќе е интересот од ПСЖ за младиот и талентиран фудбалер.

Чуамени минатата сезона одигра 35 меча за „кнезовите“  притоа постигна три голови во францускиот шампионат.