Реал Мадрид е при крај со проект вреден 500 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид во следните години ќе има млада екипа, а во моментов е при крај со проектот вреден 500 милиони евра.

„Кралевите“ по една богата ера исполнета со трофеи планира да го задржи врвот во европскиот фудбал, па потребни се млади фудбалери кои ќе ги заменат Карим Бензема, Лука Модриќ, Тони Крос и другите.

Во екипата од Мадрид претходно пристигнаа Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени, а сега се очекува да пристигне и Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

Белингам побара повисока плата од Дортмунд, која најверојатно нема да ја добие, а тоа значи дека ќе си замине од бундеслигашот и негова следна дестинација ќе биде „кралскиот клуб“.