Реал Мадрид го купува и братот на Џуд Белингам?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид летово направи одличен потег со ангажманот на Џуд Белингам, но сега сака да го купи ни неговиот брат кој игра за Сандерленд.

Џоб Белингам е на листата на желби на „кралевите“, кои испратиле скаути да ги гледаат неговите настапи во клубот и репрезентацијата на Англија до 19 години.

Младиот англиски фудбалер оваа сезона настапи на 11 натпревари за Сандерленд и постигна два гола, а претходно играше и за Бирмингем Сити.

Џуд Белингам, од друга страна, оваа сезона руши рекорди во Реал и има 10 гола на 10 натпревари за шпанскиот гигант.