Реал Мадрид го објави новиот изглед на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид пред неколку години објави дека се подготвува за реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“, а тоа денеска и официјално го потврди.

„Кралевите“ на официјалната страна објавија дека реконструкцијата на стадионот ќе биде направена во наредните години, а денеска беше претставен целиот план.

Реал закажа прес-конференција за новиот стадион, а сите планови ќе ги откри претседателот на тимот Флорентино Перез.

„Кралевите“ тоа го потврдија и на Твитер, па објавија една фотографија со изгледот на новиот „Сантијаго Бернабеу“. Оваа слика ги воодушеви навивачите, кои беа изненадени со новиот стадион.

На денешната прес-конференција ќе се откри и кога ќе почне изградбата на стадионот.