Реал Мадрид има специјална понуда за Федерер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер реши да се пензионира по Лејвер купот, кој ќе се одржи од 23 до 25 септември, а тоа привлече големо внимание на јавноста.

Сите сакаат да го испратат швајцарскиот тенисер во пензија, а денеска од Реал Мадрид испратија интересна понуда каква што не се одбива.

Шпанскиот гигант нуди на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ да се одигра дуел меѓу Рафаел Надал и Федерер следната година, при што се очекуваат околу 80.000 гледачи.

Дефинитивно љубителите на тенисот би сакале ваков натпревар, а тој дефинитивно ќе биде најгледан, откако претходно Надал и Федерер поставија рекорд пред две години во Јужна Африка, кога заиграа пред 52.000 гледачи.