Реал Мадрид ја суреди Гранада и се врати на врвот на Ла Лига (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Гранада и славеше на домашен терен со 2-0 во 15. коло од Ла Лига.

„Кралевите“ постигнаа по еден гол во двете полувремиња, и тоа најпрво преку Брахим Дијаз во 26. минута, а потоа преку Родриго го поставија конечниот резултат (2-0).

Реал Мадрид има 38 бодови, колку и Жирона, но е прв на табелата поради подобрата гол-разлика од ривалот.