Реал Мадрид ќе го избрка Модриќ само ако го купи Белингам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е омилен кај навивачите на Реал Мадрид, меѓутоа раководството на клубот засега не му понудил нов договор.

Шпанска „Марка“ пишува дека управата би можела воопшто да не му понуди соработка и да го пушти да замине од екипата.

Модриќ ќе замине само ако претходно во екипата пристигне ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам.

Белингам е желба на неколку европски гиганти, меѓу кои е и Реал Мадрид, меѓутоа најмногу се шпекулира дека ќе потпише за Ливерпул идното лето.