Реал Мадрид ќе игра против Бенфика, Баерн на дерби со Атлетико, а Роналдо ќе се соочи со Меси

Во групната фаза во Лигата на шампиони гледавме многу интересни натпревари, а сигурно ќе има и големи возбудувања во нокаут-фазата на елитното натпреварување.

Ждрепката на паровите за осминафиналето во елитното натпреварување беше одржано во 12 часот и добивме неколку одлични натпревари.

Улогата на носители во ждрепката ја имаа Ајакс, Баерн, Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер сити, Јувентус, Манчестер јунајтед и Лил, додека неносители беа ПСЖ, Интер, Атлетико Мадрид, Спортинг, Салцбург, Челси, Вилјареал и Бенфика.