Реал Мадрид ќе се жали за црвениот картон – познато што кажал Белингам! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид на „Месталја“ заврши без победник (2-2), откако судијата Мансано прекина акција на гостите при која беше постигнат трет погодок.

Мансано означи крај за време на центар-шутот на Дијаз по кој Белингам постигна гол, па тоа предизвика бурни реакции во составот од Мадрид.

При протестите му беше доделен црвен картон и на Белингам, а сега е познато и што му кажал на судијата.

„Тоа е е*ан гол, топката е во воздух. Што беше тоа!?“, кажал Белингам.

„Кралевите“ нема да останат мирни ниту поради оваа одлука и решија да се жалат на црвениот картон.

„Белингам доби црвен картон, но не го навреди судијата Мансано“, кажа Анчелоти по натпреварот.