Реал Мадрид конечно ќе се „откачи“: Азар прави изненадувачки трансфер!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар треба да биде член на Реал Мадрид и следната сезона, но ситуацијата би можела во меѓувреме да се промени.

Шпанските медиуми пишуваат дека Азар ќе ги напушти „кралевите“, а како негова следна дестинација се споменува Турција.

Азар привлече внимание на управата на Галатасарај, каде што би можел да се пресели на позајмица до крајот на следната сезона.

Белгиецот оваа сезона одигра 32 минути и својата шанса ја добива од клупата, но сигурно не е задоволен со тоа.

Азар никогаш не ги повтори настапите од Челси за кој одигра 244 меча, а притоа постигна 85 голови и 61 асистенција.