Реал Мадрид можел да добие нов напаѓач, но Перез пристојно ја одбил понудата!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид летово ангажираше неколку засилувања по желба на тренерот Карло Анчелоти, па така во тимот стигнаа Антонио Рудигер и Орелиен Чуамени, но засега „кралевите“ не купуваат нов напаѓач.

Реал Мадрид долго време преговараше со Килијан Мбапе, но Французинот на крајот реши да остане во ПСЖ и да потпише нов договор.

Долго време се шпекулираше дека тимот ќе тргне по замена за Карим Бензема, а според шпански медиуми на тимот му бил понуден Един Џеко, но сепак претседателот Флорентино Перез пристојно ја одбил понудата.

Овој 36-годишен напаѓач од Босна и Херцеговина има уште една година од договорот со Интер, но најверојатно нема да добива голема минутажа во Милано затоа што „нераѕурите“ летово го вратија Ромелу Лукаку од Челси.