Реал Мадрид му нуди плата од соништата на Белингам

Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира летово да го купи Џуд Белингам од Борусија Дортмунд за сума од 150 милиони евра.

„Кралевите“ веќе почнале преговори со англискиот репрезентативец и се обидуваат да ги договорат деталите од договорот.

Според англиските медиуми, Реал на Белингам му нуди плата од 20 милиони евра по сезона и договор до 2029 година.

Белингам треба да размисли во следниот период и да го кажа својот став за тоа дали сака да го облече „кралскиот дрес“.