Реал Мадрид му постави ултиматум на Интер за Хакими!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер се соочува со нови проблеми, а тоа го открија италијанските медиуми кои објавија вест дека тимот од Милано не ја исплатил ратата за Ашраф Хакими.

Бепе Марота кажа дека имаат проблеми со исплаќањето на ратите, но вети дека ќе се среди ситуацијата до 16 февруари, кога очекуваат враќање на сите долгови.

Интер уште не ја платил првата рата за Хакими, која изнесува 10 милиони евра, па сега Реал Мадрид си ги бара парите и не сака да чека.

Таа сума „нероаѕурите“ се обврзаа да ја платат до крајот на декември, но тој рок помина. Во меѓувреме со Реал Мадрид беше постигнат џентлменски договор исплатата да се одложи до 30. март, но изгледа дека Перез го променил мислењето. Според информациите тој лично стапил во контакт со луѓето од Интер и им се заканил дека ќе ја вклучи УЕФА ако не бидат доставени банкарски гаранции дека парите ќе бидат исплатени.

Ако дојде до тоа УЕФА да се вмеша може да се случи Интер да остане без европска лиценца што секако би било голем удар за клубот. Меѓутоа тоа е најлошото сценарио и во Интер сигурно ќе направат се за да го избегнат по секоја цена.