Реал Мадрид направи потег кој му ја отвори вратата за следното големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата бразилски фудбалер Родриго Гоес и Едер Милитао добија двојно државјанство, па тоа ќе му овозможи на Реал Мадрид да потпише договори со нови играчи кои доаѓаат надвор од Европската унија.

Реал Мадрид ослободи три места за играчи надвор од ЕУ, па сега „кралевите“ си ја отворија вратата кон нови засилувања, а едно од нив треба да биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам.

Англискиот репрезентативец е најголема желба на тренерот Карло Анчелоти и првиот човек на клуот, Флорентино Перез, иако ќе имаат конкуренција од Ливерпул и Челси.

Белингам е желба на „кралевите“ од 2019 година кога играше во Бирмингем, но една година подоцна се пресели во Дортмунд за 25 милиони евра и сега германскиот гигант може да го продаде за четири пати повеќе пари.