Реал Мадрид подобар од Штутгарт, Милан загуби од Ливерпул, Баерн го наполни голот на Динамо

Вечерва беа одиграни уште четири натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), при што до триумфи стигнаа Ливерпул, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Реал Мадрид го надигра Штутгарт со головите на Мбапе, Рудигер и Ендрик, додека за бундеслигашот погоди Ундав.

Милан имаше предност од 1-0 со голот на Пулишиќ, но потоа Конате и Ван Дајк режираа пресврт, додека Собослаи погоди за конечни 3-1.

Баерн Минхен со 9-2 го уништи Динамо, додека Спортинг го надигра Лил со 2-0.