Реал со порака до навивачите: Ако ја освоиме титулата, не излегувајте на улици!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ги повика своите навивачи да останат во своите домови доколку ја освоија титулата, зашто во спротивно би направиле чекор назад во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Реал има четири бода повеќе од второпласираната Барселона на две кола пред крајот на првенството и утре на домашен терен со триумф против Виљареал може да ја обезбеди титулата.

„Победите и титулите секогаш со задоволство сакаме да ги прославиме со навивачите, но во моментов мора да бидеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Поради тоа, сите мора да се бориме и да покажеме одговорност за да избегнеме ризик од зараза“, порачаа од Мадрид.