„Реал старее сè повеќе, Азар замина во Мадрид во погрешно време“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар летоска го напушти Челси и се пресели во Реал Мадрид, но кариерата во новиот клуб не му почна како што очекуваше.

Азар имаше проблеми со повреди, а синоќа доби шанса да игра против ПСЖ, но „кралевите“ загубија со 0-3 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

„Кога ќе дојдеш во нов клуб, посебно како што е Реал Мадрид, мораш да ја заслужиш секоја топка во текот на натпреварите. Се плашам дека се пресели во Мадрид во погрешно време. Тоа е тим кој старее, нема напредок. Тоа ќе влијае лошо на него…“, вели Рио Феринанд.

„Кралевите“ лошо ја почнаа сезоната и веќе направија неколку кикса, кои никој не ги очекуваше.