Речиси шест децении доаѓа на стадион во црно од – една причина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу навивачи ветуваат некои работи, но реетко ги исполнуваат и остануваат верни до крајот на тоа што го кажале.

Бернат Валори-Мас е навивач на шпанската екипа Атлетико Балеарес и уште исполнува ветување дадено пред речиси шест децении.

Во сезоната 1962/63 неговиот омилен клуб испаднал од втора во трета лига и тогаш си ветил дека на стадионот ќе доаѓа во црно.

Многумина очекуваа по неколку години да го прекине ветувањето, но тоа не се случи, освен во неколку случаи.

Еднаш немаше црна облека, додека некои сезони беше во Индја, Америка и Тенерифе.

„За клубот знам многу работи. Се сеќавам на отворање на стадионот, кога беше скршена ногата на Креспо против Бирмингем, се сеќавам на првиот гол во Сегунда во сезоната 1961/61…“, вели 72-годишниот човек.

Сите кои доаѓаат на стадион ја знаат неговата приказна и воопшто не се чудат кога ќе го видат во црно, меѓутоа од денес тоа можеби нема да се случува.

Атлетико во плејофот за пласман во Сегнуда Б игра против Мирандес, а потребна им е победа од два или повеќе гола, зашто во првиот меч загубија со 0-2.