РФМ потврди: Суперлигата ќе се скрати на 12 екипи од следната сезона!

На Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија беше решено од следната сезона во Суперлигата да има само 12 екипи.

Предлогот беше изгласан и официјално, па така наместо 16 екипи, од следната сезона ќе играат само 12, а место во неа ќе имаат Вардар, Алкалоид, Тиквеш, Пролет, Пелистер, Охрид, Бутел и Струга, додека останатите учесници допрва треба да станат познати.

Во елитата ќе има место и за шампионот во Првата лига, додека последното место ќе го добие победникот од баражот меѓу третопласираниот тим во плеј-аутот и второпласираниот тим во Првата лига.