Рим „гори“: Дибала урна рекорд на Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома се договори со Пауло Дибала, кој е ново засилување за Жозе Мурињо, а „Кориере дело Спорт“ објави дека Аргентинецот го урнал рекордот на Кристијано Роналдо за дресови продадени во еден ден.

Новинарите објавија дека продажбата на дресовите на Дибала е поголема од таа на Роналдо, кој во 2018 година го засили Јувентус.

Рекордот за продадени дресови во Рома го има легендарниот Франческо Тоти, но сигурно и Дибала ќе биде рангиран на висока позиција.

Дибала потпиша договор на три години, а истиот може да биде продолжен за уште една, додека има и откупна клаузула од „само“ 20 милиони евра.

Аргентинецот претходно беше блиску до потпис со Интер, но сепак се реши за Рома.