Ристовски сè поблиску до трансфер во Русија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски е блиску до трансфер во Динамо Москва, каде што може да се пресели до крајот на неделата.

Руските медиуми објавија дека Динамо ги прави последните напори за да го купи Македонецот, кој не е во најдобри односи со тренерот Рубен Аморим, па очигледно блиску се до негов трансфер.

Преодниот рок во Русија трае до 17 октомври, па има доволно време за Ристовски да реализира трансфер во Динамо или во некој друг клуб.

„А’Бола“ претходно објави дека личните детали од трансферот се договорени, па остануваат само уште преговорите меѓу клубовите, кои најверојатно ќе завршат успешно.