РК Вардар ќе учествува на турнир во Брест

Македонскиот клуб, Вардар до недела ќе учествуваат на меѓународниот турнир „Белгазпромбанк“.

После двете победи во пријателските натпревари против Горење, Вардар ќе игра на турнирот кој го освои во 2013-та година, а редовно се одржува од 2008-ма година.

Мијајло Марсениќ и Александр Деревен кои се пожалија на болки не отпатуваа во Брест. Исто така во тимот ги нема и Игор Карачиќ, Иван Чупиќ и Лука Циндриќ поради тоа што учествуваа на олимпијадата.

Првиот натпревар Вардар ќе го игра против франција на 19-ти август. Следниот ден игра против Висла од Полска, а последниот натпревар на 21-ви август го игра против домаќинот Мешков Брест.

Овој турнир 4 пати го освоено Мешков Брест, а по 1 го имаат освоено, Данкерк, Висла, Вардар и Мотор Запорожје.