Родик е загрижен за Ѓоковиќ: Ова не се случило во последните 15 години!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има катастрофален почеток на сезоната и сè уште не освои ниту еден трофеј, па неговите настапи го изненадија поранешниот играч Енди Родик.

Американецот беше изненаден од играта на Ѓоковиќ, но и од промените кои ги направил во стручниот штаб.

„Загрижен сум за неговата игра, никогаш не било вака во последните 15 години. Ова ми е чудно, очекував да се засили. Гледате на Ролан Гарос, Вимблдон, но тој им даде приоритет на Олимписките игри“, кажа Родик.