Родри го одбил Баерн Минхен затоа што сака да се пресели на Островот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид ја одбил понудата од Баерн Минхен која пристигнала во последните неколку денови.

„Кикер“ пишува дека Баварците сакале да го украдат играчот пред носот на Манчестер Сити кој подолг период се поврзува со негов ангажман.

Јасно е дека шпанскиот интернационалец ќе си замине од Атлетико Мадрид, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во редовите на Манчестер Сити, клуб кој ќе го ангажира за сума од 62 милиони фунти.