Ројс бил на чекор од Баерн, но двајца фудбалери го спречиле неговиот ангажман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичниот Марко Ројс лесно можел да заврши во Баерн Минхен. На крајот пресудија гласовите на капитенот и тој не го облече дресот на тимот од Минхен.

Иако често се поврзуваше со други клубови Ројс од 2012 година е член на „Милионерите“, а претходно играше за Борусија Менхенгладбах и Ален.

Многу лесно можел Ројс во 2012 година да не го облече дресот на Дортмунд, односно да потпише за Баерн, но сепак никогаш не се реализирал трансферот.

Причина биле двајца фудбалери на баварскиот гигант. Филип Лам и Бастијан Швајнштајгер сметаат дека Ројс нема победнички менталитет и биле против негов ангажман.

На крајот Баерн се откажа од трансферот, а Борусија тоа го искористи и го ангажираше Ројс во свои редови, чиј член е веќе седум години.