Ролан Гарос и Рим ќе ги суспендираат руските и белоруските тенисери?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Вимблдон речиси сигурно нема да гледаме руски и белоруски тенисери и тенисерки, а се појави информација дека тоа не е крајот.

Поради политички притисок би можеле наскоро и Ролан Гарос и Рим да ги суспендираат тенисерите од Русија и Белорусија.

Новинарот Стјуарт Фрејзер објави дека во Франција се чекал крајот на претседателските избори за да се почне со притисоци во светот на тенисот.

Претходно премиерот на Италија инсистираше тенисерите и тенисерките од тие земји да не учествуваат на Мастерсот во Рим.

Организаторите на турнирот во престолнината на Италија се противат на забраната, но во моментов се чека официјална одлука.