Роналдо избега од „Олд Трафорд“ сред натпревар! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо конечно се врати во составот на Манчестер јунајтед и одигра 45 минути против Рајо Валјекано (1-1), но потоа направи нов потег со кој ги разочара навивачите.

Роналдо не го дочека крајот на натпреварот на „Олд Трафорд“, туку реши да си замине порано од стадионот.

Навивачите се поделени поради потегот на Роналдо, а дел од нив сметаат дека Португалецот требало да почека крај на мечот за да ги поздрави колегите.

Останатиот дел од фановите сметаат дека Роналдо не направил ништо лошо бидејќи станува збор за пријателски натпревар.

Роналдо веќе некое време сака да си замине од Јунајтед, па се поврзуваше со неколку клубови, но засега не пристигна ниту една понуда.