Роналдо успеа во намерата: Се враќа од Катар за да потпише за друг премиерлигаш!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо, според британските медиуми, ќе го напушти Манчестер јунајтед во јануари откако претходно даде контроверзно интервју и ги налути сите на „Олд Трафорд“.

Планот на Роналдо да си замине од Јунајтед очигледно ќе се реализира оваа зима, а португалскиот репрезентативец веќе си најде и нов тим.

„Сандеј Мирор“ објави дека Челси конечно е подготвен да го ангажира Роналдо и веќе почнале преговорите меѓу двете страни.

Гигантот од „Стемфорд бриџ“ во моментов делува како најдобра опција за фантастичниот напаѓач на кој не му одеше најдобро во Манчестер јунајтед.

Роналдо по враќањето од Катар ќе го прекине договорот со „ѓаволите“, по што ќе го облече дресот на „сините“.