Роналдо вчера не се појави на тренинг и ги налути сите, но Јуве го „оправда“ отсуството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалери на Јувентус до крајот на сезоната ќе се борат за место кое води во Лигата на шампиони (ЛШ), а никој не можеше да очекува такво нешто пред неколку месеци.

По девет години доминацијата на „Старата дама“ конечно запре, но никој не очекуваше дека ќе мора да се бори за место кое на крајот на сезоната води во ЛШ.

Јувентус во моментов е петти и на три кола до крајот има бод помалку од Наполи кој е пред нив. Дополнителен проблем е дебаклот против Милан, кој им ја искомплицира трката за Лш.

Кристијано Роналдо беше најкритикуван по натпреварот против „росонерите“ затоа што буквално беше „невидлив“ на теренот, а Португалецот вчера не беше ниту на тренингот на тимот.

Наскоро пристигна објаснување од Јувентус за тоа каде бил Роналдо, а тој заедно со Андреа Ањели решил да ја посети фабриката на Ферари.