„Росонерите“ имаат план: Јувентус се откажа од талентиран фудбалер, кој наскоро се сели во Милано!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во моментов се бори за позиција, која обезбедува пласман во Лигата на шампиони, па со синоќешната победа против Фиорентна работите се поправија барем малку.

Сега треба Аталанта или Интер да кикснат, па Милан повторно да победи за да се пласира во топ-4, но сепак „росонерите“ имаат план и за наредната сезона.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е заинтересиран за ангажирање на Доменико Берарди. Италијанецот по тешката повреда се врати во форма, па за Сасуоло одигра 35 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет голови и асистираше за пет.

Јувентус до минатата сезона имаше клаузула, според која може да го донесе 24-годишниот крилен напаѓач по одредена цена, но во Торино проценија дека тоа не би била добра инвестиција.