Розберг на пол позиција, Хамилтон потфрли!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од првата позиција во трката на Формула 1 за Големата награда на Европа во Баку, поради тоа што остври набрзо време во денешните квалификации, додека неговиот клупски колега, актуелниот светски шампион Луис Хамилтон, ќе стартува од десеттото место.

Розберг, кој е лидер во генералниот пласман, победи во денешните квалификаци , поради тоа што набрзиот круг го извози за минута, 42 секунди и 758 илјадитинки.

Неговиот клупски колега, Британецот Луис Хамилтон ќе стартува од 10 место, поради тоа што на две минути пред крајто на третата рунда од квалификациите го чукна болидот, а в отој момент најбрзиот круг го извозе за 2.01.954 минути.

Од другата позиција на утрешната трка за Големата награда за Европа ќе стартува возачот на Форс Индија, Мексиканецот Серхио Перес, кој најбрзиот круг го извозе за 1.43.515 минути.

Возачот на Ред Бул Австралијанецот Даниел Рикардо ќе стартува од третото место, додека возачот на Ферари Германецот Себастијан Фетел оствари четврто време.

Петтото место во квалификациите го завзеде Кими Раиконен од Ферари, а него друштво на третиот стартен ред ќе му прави Фелипе Маса од Вилијамс.

Првите десетмина ги комплетираа Данил Квајт од Торо Росо, Валтери Ботас од Вилијамс и Макс Ферштапен од Ред Бул.

Трката за Големата награда за Европа ќе се вози утре од 15 00 часот на стазата во Баку.