Руне распали по АТП: Што значи ова? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холгер Руне беше оштетен во вториот сет против Јаник Синер, а имаше и караница со судиите, по што на крајот загуби од ривалот.

Руне имаше причини за незадоволство и тоа го покажа преку социјалните мрежи каде што распали по АТП.

„Синер, силата нека биде со тебе“, беше пораката на АТП која го изнервира Руне.

„Што значи ова? Не ми дадовте најдобри услови на стартот, морав да играм два меча во ист ден и доцна да завршам, па останав и без ден за одмор. Судијата направи грешки и ми даде погрешно предупредување. Силата нека биде со тебе“, напиша Руне.