Русија „гори“ поради Медведев: Тенисерот направи хаос на Инстаграм!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев го презема првото место на АТП-листата, откако го престигна Новак Ѓоковиќ и на врвот ќе остане најмалку до 14 март, по што Србинот ќе се врати на тронот.

Медведев си го оствари сонот, но потоа направи потег кој предизвика голема бура во светската јавност затоа што на неговиот профил на Инстаграм го избриша руското знаме и така изненади многумина.

Во моменти кога се води битка во Украина, еден од најдобрите руски спортисти реши да го тргне знамето на својата држава, а тоа налути голем број Руси кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин.

„Го контактирав агентот на Данил и го прашав зошто го избришал знамето на Русија, а тие ми кажаа дека немаат дополнителни коментари“, објави новинарката Кимберли Живан.