Русинка со пасош на Казахстан се пласираше во финалето на Вимблдон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руската тенисерка, која игра под казахстанско знаме, Елена Рибакина стигна до една од најголемите победи во кариерата и се избори за место во финалето на Вимблдон.

Откако не ѝ беше дозволено да игра под руското знаме, таа реши да го искористи казахстанскиот пасош и ја совлада Симона Халеп со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.

Мечот траеше малку повеќе од еден час, а Халеп одигра очаен меч и не можеше да ѝ се спротистави на расположената Рибакина.

Големото финале на Вимблдон ќе се одржи в сабота од 15 часот, а мечот ќе се игра на Централниот терен.