Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американските кошаркари на неверојатен начин во последната четвртина ја совладаа Србија со 95-91 и се пласираа во финалето на Летните олимписки игри (ЛОИ).
Србија играше одлично цели 35 минути и имаше водство, но Американците почнаа да се будат во последните минути и триумфираа со 95-91.
Најефикасен во победата беше Стеф Кари со 36 поени, осум скокови и две асистенции, додека Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, четири скокови и три асистенции за Србија.
САД ќе се бори против Франција за златниот медал, додека Србија ќе се соочи против Германија за бронзата.