„Саинц е паметен возач, направи одличен потег во Сингапур“ (Видео)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Првиот човек на Ферари, Фредерик Васер е фасциниран од шпанскиот возач Карлос Саинц кој славеше на трката во Сингапур.

Саинц направи паметен потег со тоа што му овозможи на Ландо Норис да остане во опсегот на ДРС, а така се заштити од брзите болиди на возачите од Мерцедес.

„Тоа беше идеја на Саинц. Не сакам да кажам дека беше очигледно, но тој знаеше дека е под поголем ризик од Мерцедес, отколку од Норис. Со Ландо имавме исти гуми и речиси исто време. не бевме под ризик да ги оштетиме гумите со возачот од Мекларен. Ова беше одличен потег од Саинц“, кажа Васер.

Саинц ја прекина доминацијата на Макс Ферстапен кој славеше на 10 трки по ред во Ф1.