Саинц почнал преговори со Мерцедес!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерите на Карлос Саинц наводно почнале преговори со Мерцедес, откако беше соопштено дека шпанскиот возач ќе замине од Ферари на крајот на сезоната.

Луис Хамилтон ќе биде замената за Саинц во Ферари, а сега се отвора можност Шпанецот да се пресели во Мерцедес, па така екипите би направиле „размена“ меѓу возачите.

Таткото на Саинц и неговиот менаџер Карлос Ороно биле забележани како се сретнале со функцинери на Мерцедес, а потоа беше потврдено дека имале преговори.