Сакаа да го избркаат, а тој прифати помала плата и му помогна на тимот да го регистрира Торес!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона потпиша нов договор со францускиот стопер Самуел Умтити, кој се согласи да прифати помала плата и така му помогна на каталонскиот тим.

Долго време се шпекулираше за негово заминување од Каталонија затоа што има голема плата, а притоа не игра на најдобро ниво, но очигледно се случи спротивното.

Умтити стави потпис на соработка до 2026 година, а притоа прифати намалување на платата и Барселона јавно му се заблагодари што на таа основа ќе може да го регистрира новото засилување Феран Торес.

Барселона го пофали потегот на Умтити на официјалниот сајт и го регистрираше Торес, кој ќе заигра за новиот тим откако ќе го победи ковид-19.