Сакаше да му биде сопруга на Ѓоковиќ, а сега ги протерува руските тенисери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марта Костјук неодамна привлече големо внимание и постојано е главна во светските медиуми. Украинската тенисерка беше дел од скандал, кога го напушти мечот во двојки во Рим во кој губеше од две руски тенисерки.

Девојката кажа дека сонувала во минатото да биде сопруга на Новак Ѓоковиќ, а сега бара сите руски тенисери и тенисерки да бидат исклучени од тениските турнири поради војната во Украина.

„Забележав дека некои тенисери од Русија и Белорусија ја споменуваат војната, но никој не кажа дека нивните држави почнале инвазија врз територијата на Украина. Барам да бидат дисквалификувани од сите турнири“, вели Костјук.

Украинката во моментов се наоѓа на 59. позиција на светската ВТА-листа.