„Сакав да ги тепам соиграчите во Фулам поради Ѓоковиќ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Александар Митровиќ сака да се пресели во Саудиска Арабија и затоа не тренира со соиграчите од Фулам.

Митровиќ во разговор со новинарите кажа дека имал и непријатни искуства во Фулам, и тоа кога на тениските терени бил Новак Ѓоковиќ.

„Во Англија сум подготвен да се тепам за Ѓоковиќ. За малку ќе се истепав со соиграчите по финалето против Роџер Федерер во 2019 година. Само јас и голманот бевме за Ѓоковиќ, додека останатите навиваа за Федерер. И сега сум подготвен да се тепам со луѓето кои ќе кажат нешто лошо за Ѓоковиќ“, кажа Митровиќ.