Салах најде нова „жртва“ во Ливерпул (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах некогаш знае да биде себичен, а тоа го покажа на натпреварот против Тотенхем.

Себичноста на Салах предизвика големи критики од навивачите по ремито против Тотенхем (1-1), па сега освојувањето на титулата е речиси невозможна мисија.

Ливерпул имаше многу шанси на „Енфилд“, а стрелец на единствениот гол со многу среќа беше Луис Дијаз, кој е нова „жртва“ на Салах.

Во текот на мечот Дијаз беше неколку пати во одлични позиции, кога Салах можеше да му асистира, но Египќанецот не го направи тоа.

Колумбиецот бараше топка од Салах, но најдобриот стрелец на „црвените“ секогаш имаше различна одлука и тоа го налути Дијаз.