Салах со прославата на Божиќ ги налути навивачите 📸


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Мохамед Салах повторно привлече внимание на себе, но овој пат не со неговите настапи, туку со објавата на социјалните мрежи.

Вчера верниците од католичката вероисповед прославија Божиќ, а тоа беше проследено со традиционално украсување на божиќното дрво.

Како и минатата година, Салах го прослави и овој Божиќ, а семејната фотографија ја објави на Инстаграм заедно со честитка.

Покрај позитивните одговори кои ги доби од колегите и фанови ширум светот, сепак пристигнаа и негативни коментари на неговата објава.

„Ова ли го дочекавме од тебе? Како можеш? Немој повеќе да ги славиш головите како досега“, беа само дел од коментарите кои пристигнаа од Египет и С. Арабија.