Салихамиџиќ имал разговор со Левандовски по неговите барања да замине од Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски неколку пати јавно кажа дека сака да го напушти Баерн Минхен затоа што не ја гледа неговата иднина во германскиот гигант.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ кажа дека не е возможно такво нешто затоа што Левандовски има договор на уште една година, а дека имал разговори и со фудбалерот потврди за медиумите.

„Левандовски има договор до јуни 2023 година. Ние сме среќни што е тука со нас. Мора работите малку да се смират. Разговаравме за неговите изјави во јавноста, мора да останеме помирни“, кажа Салихамиџиќ.

За услугите на Левандовски се заинтересирани неколку екипи, меѓу кои се Барселона, Челси и ПСЖ.