Само еден фудбалер на Челси се збогуваше со Потер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси пред неколку дена го отпушти Грем Потер поради лошите резултати во Премиерлигата, а како негов наследник се споменува Јулијан Нагелсман.

Потер ја загуби поддршката од раководството по поразот со 0-2 од Астон вила на домашен терен, по што клубот падна на 11. место во лигата.

Бен Чилвел бил единствениот фудбалер на Челси кој преку социјалните мрежи се збогувал од Потер, а засега ниту еден негов соиграч не го направил истиот потег.

Управата на премиерлигашот во моментов разговара со повеќе тренери, а фаворит е Нагелсман, кој неодамна доби отказ од Баерн Минхен.