Сампдорија го „сопна“ Интер во борбата за Скудетото! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер доживеа неочекуван пораз на незгодното гостување кај Сампдорија и така остана на втората позиција на табелата во Серија А, па сега Милан има можност да му избега на градскиот ривал.

Интер во 12. минута имаше пенал, но Алексис Санчез не беше прецизен, по што казната пристигна преку Кандрева, а во 38. минута Балде го совлада Хандановиќ за водство од 2-0.

Екипата на Антонио Конте се обиде да се врати во мечот, но не успеа и постигна само гол за намалување на негативата на 1-2.

Рома запиша сигурна победа на гостувањето кај Кротоне (3-1), додека Лацио стигна до важна победа против Фиорентина (2-1).

Удинезе во финишот стигна до бод на гостувањето кај Болоња (2-2), Сасуоло беше сигурен против Џенова (2-1). Торино одигра реми против Верона (1-1).