Сане ги мина медицинските прегледи во Минхен (ВИДЕО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Талентираниот фудбалер Лирој Сане ги мина медицинските прегледи во Баерн Минхен и се очекува негов потпис во текот на денот.

Германецот долго време се поврзуваше со бундеслигашот, а конечно неговата желба ќе се оствари и тој ќе стане фудбалер на Баварците.

„Билд“ објави дека Сане најверојатно нема да биде претставен како нов фудбалер на Баерн во текот на денешниот ден.

Баварците се согласија да платат 50 милиони евра за трансферот, а Сане ќе добие петгодишен договор со плата од 10 милиони евра годишно.