Саудискиот принц го презема Њукасл Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Саудискиот принц Мохамед бин Салман и неговиот инвестициски фонд станаа сопственици на Њукасл Јунајтед.

Според државната телевизија во Саудиска Арабија, управата на Премиерлигата даде зелено светло за продажба на овој клуб, така што новиот сопственик на тимот од Св. Џејмс Парк стана принцот Бин Салман и неговата компанија.

Принцот го купил клубот од Мајк Ешли за 300 милиони фунти, а во претходниот период имало некои проблеми со договорот со оглед на тоа што Саудиска Арабија е обвинета за пиратство и дозвола нелегално гледање на британските програми на нејзината територија.

Сепак, судејќи според државната телевизија на Саудиска Арабија, работата е конечно завршена, па Њукасл стана веројатно најбогатиот фудбалски клуб во светот.

Бин Салман се очекува да има огромни инвестиции во клубот, а Њукасл би можел многу брзо да дојде до врвот на англискиот фудбал.